|
|
Почеток
|
|
ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ПРЕВЕДУВАЧ/КА ЗА КОНСЕКУТИВЕН ПРЕВОД НА ЈАВНА ТРИБИНА ВО ТЕТОВО |
1.1. Опис на проектот
Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Корупцијата во здравството влијае врз довербата на граѓаните во институциите и создава дополнителни бариери за еднаков пристап до здравствена заштита, особено за жените и другите ранливи групи.
Проектот „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ има за цел да ја зголеми отчетноста и транспарентноста во здравствениот систем преку зајакнување на граѓаните за препознавање и пријавување корупција, јакнење на капацитетите на здравствените работници и унапредување на институционалните механизми за постапување.
Проектот е поддржан од Француската развојна агенција – Expertise France, а имплементиран од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ Скопје, како носител и Здружение Женски Форум Тетово, како еден од партнерите.
Во рамки на проектот ќе се организира јавна трибина во Тетово,
Јавната трибина е отворен јавен настан, наменет за информирање на граѓаните, подигање на јавната свест и отворање дискусија за корупцијата во здравството, правата на пациентите, интегритетот и можностите за пријавување корупција и неправилности.
Настанот ќе вклучува, обраќања на говорници, јавна дискусија и поставена креативна инсталација „Чекална“, преку која ќе се пренесуваат пораки за правата на пациентите и спречувањето на корупцијата во здравството.
Здружението „Женски Форум“ Тетово, објавува повик за ангажирање на преведувач/ка за обезбедување консекутивен (последователен) превод на јавната трибина во Тетово.
1.2. Ангажман и работни задачи
Преведувачот/ката ќе биде ангажиран/а за обезбедување консекутивен (последователен) превод од македонски на албански јазик и обратно, со цел непречена двојазична комуникација и рамноправно учество на сите присутни.
Преводот ќе се одвива последователно, односно по завршување на одделни делови од излагањата или дискусијата, со цел сите присутни да можат непречено да ги следат содржините и активно да учествуваат во разговорот
Ангажираниот/ата преведувач/ка ќе има обврска да:
• обезбеди точен, јасен и разбирлив консекутивен превод од македонски на албански јазик и обратно;
• ги преведува воведните обраќања, презентациите, излагањата на говорниците и дискусијата со учесниците;
• ја пренесува суштината на пораките и дискусијата без изоставување на важни информации;
• соработува со организаторот и говорниците за непречено одвивање на преводот;
• ја почитува доверливоста и професионалните стандарди при извршувањето на ангажманот.
1.3. Очекувани резултати
Со ангажманот се очекува:
• да се обезбеди квалитетен консекутивен превод во текот на јавната трибина;
• да се овозможи рамноправно информирање и учество на присутните, без оглед на јазикот на кој комуницираат;
• да се олесни двонасочната комуникација меѓу говорниците и учесниците;
• да се придонесе кон инклузивност и пристапност на јавниот настан.
1.4. Квалификации
Заинтересираните кандидати/ки треба да ги исполнуваат следните услови:
• одлично познавање на македонскиот и албанскиот јазик;
• завршено образование од областа на филологијата, преведувањето или друга соодветна област;
• претходно искуство во преведување на јавни настани, конференции, трибини, состаноци, работилници или слични активности;
• способност за точно и јасно пренесување на информации и пораки при консекутивен превод;
• познавање на терминологија поврзана со здравството, човековите права, институционалните механизми и граѓанското учество ќе се смета за предност;
• одговорност, професионалност и добри комуникациски вештини.
1.5. Времетраење
Ангажманот опфаќа подготовка и обезбедување консекутивен превод за време на јавната трибина во Тетово.
Настанот е предвидено да трае приближно 1 час до 1 час и 15 минути, во зависност од текот и обемот на дискусијата со учесниците.
Датум, времето и локација на одржување на настанот: 17 октомври 2026 година, 11 часот, просторот пред Центарот за култура Тетово.
1.6. Потребна документација за аплицирање
Заинтересираните кандидати/ки треба да достават:
• Кратка професионална биографија (CV), со наведено образование, работно искуство и претходни ангажмани поврзани со преведување;
• Мотивациско писмо, со кратко образложение на интересот за ангажманот и релевантното искуство.
• Финансиска понуда за обезбедување консекутивен превод за време на јавната трибина, изразена како вкупен износ за целиот ангажман.
1.7. Критериуми за селекција
Изборот на кандидат/ка ќе се врши врз основа на следните критериуми:
• Познавање на македонскиот и албанскиот јазик и соодветно образование – 25%;
• Релевантно претходно искуство во преведување, особено на јавни настани, трибини, конференции и дискусии – 35%;
• Познавање на терминологија поврзана со темата на настанот – 15%;
• Професионалност, комуникациски и организациски способности – 10%;
• Финансиска понуда за целокупниот ангажман – 15%.
1.8. Начин и рок за аплицирање
Заинтересираните кандидати/ки потребната документација треба да ја достават електронски на следната адреса: info@forumi.org.mk
Во предметот на електронската порака да се наведе: „Повик за ангажман на преведувач/ка за консекутивен превод на јавна трибина во Тетово“.
Краен рок за доставување на апликациите: 14.10.2026 година.
За дополнителни информации, заинтересираните кандидати/ки можат да се обратат на наведената електронска адреса.
|
| |
|
|
|
Untitled Document
Фото галерија
|
|
|
|